Свет
15. December 2016 - 9:23

Во Европа и Африка можно е да се вратат околу 2.500 џихадисти од воените зони

Околу 2.500 џихадисти од Исламска држава би можеле да се вратат во Европа и Африка од воените зони во Ирак, Сирија и Јемен, изјави комесарот за мир и безбедност во Африканската унија, Смаил Шерги.

Според Шерги, кој учествува во Алжир на заседанието на Африканскиот центар за изучување на проблемите од тероризмот, и покрај напредокот што е постигнат во Африка во борбата против терористички закани, сепак опасноста се уште постои.

- Забележуваме денес проширување на зоната на дејствување на терористичките групи во северниот дел на Мали, како и во соседните земји, изјавил Шерги, додавајќи дека е регистриран и прилив на вооружени трористи во реонот на Сахел, што уште повеќе ја влошува ситуацијата.

Тој нагласи и дека е потврдено преминување на вооружени борци во Сомалија од територијата на Јемен.