Свет
3. October 2015 - 12:22

Во експлозии во Абуџа загинаа 15 луѓе и 40 се ранети

Најмалку 15 луѓе загинаа и 40 се ранети во повеќе експлозии на бомби на две локации во главниот град на Нигерија, Абуџа, соопшти полицијата.

Експлозиите се случиле доцна синоќа во близина на полициската станица во Куџу и на автобуска станица во Нјанји, подрачја кои и претходно биле цел на екстремистички напади на Боко Харам.

Според полициски извештаи, 13 луѓе загинале во експлозијата во Куџу додека две лица загубиле живот во Нјанји. Досега никој не презеде одговорност за нападите, но најверојатно тие се извршени од Боко Харам, јавуваат локални медиуми.