-->
-->
Во Џенова врие од коронавирус, Пандев не е меѓу заразените
-->
Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи шест фудбалери кои беа во игра при 6:0 поразот од Наполи во неделата.
Грифоне веќе потврдија дека Матија Перин беше позитивен во саботата, додека во неделата уште Ласе Шоне покажал позитивен тест. Потоа, тимот патувал во Неапол, каде што играа на „Сан Паоло“, а сега 24 часа по мечот, Џенова објави дека има 14 позитивни тестови во тимот.
Според „Скај спорт Италија“, дури 11 од овие позитивни тестови се на фудбалерите. Тие шпекулираат дека дел од фудбалерите при враќањето во Џенова имале симптоми по што се наредени нови тестови. Поради ова, мечот против Торино овој викенд најверојатно ќе биде одложен, а фудбалерите на Наполи ќе мораат во изолација и на постојано тестирање.
Што се однесува до македонскиот репрезентативец Горан Пандев според пишувањето на спортмедиа.мк капитенот не меѓу заразените и се чувствува добро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот