-->
-->
Во два пожара во Крива Паланка зафатени 50 хектари шума
-->
Опожарени се 50 хектари шума во последните два пожара во селата Габар и Луке на подрачјето на општина Крива Паланка, информираат од Територијаланата противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка.
По неколкудневна интервенција на двете локации, пожарите биле ликвидирани во вечерните часови на 19 април.
- Од почетокот на април досега ТППЕ Крива Паланка интервенираше на седум пожари и тоа сите во селата Габар и Луке. Четири пожари се случиле во Луке и три во Габар. Од 1 април досега изгореа околу 100 хектари шума, а само во последните два случаи над 50 хектари, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.
Според него, карактеристично е што пожарите настануваат со истовремено палење на неколку различни локации и се соединуват во текот на горењето.
- Симптоматично е настанувањето на пожарите што пројавува сомнеж дека некој намерно ги предизвикува. Теренот на самите опожарени места е тешко пристапен, во село Габар е кон Гарваница, а во село Луке место викано Самар кон црквата Св.Петка и местото викано Соколовци до самата гранична линија. Од наша страна и од екипите на ЈП „Македонски шуми“, ПШС „Осогово“, Кр.Паланка спречено е да премине надвор од територијата на РМ, додава Коцевски.
Последниот пожар го гаснеле 20 луѓе, а постојано едно возило со лица од ЈП „Македонски шуми“ дежура на терен бидејќи, нагласи, пожарите се јавуваат за ден-два по нивното гаснење.
Опожарени се бор, багрем, бука и сува трева и пасишта. Најмногу има изгорено бор и бука со по над 30 хектари, 5-6 хектари багрем и останато е ливади и ниско деградирана шума.
Коцевски потенцира дека казните за палење оган на отворен простор согласно законите изнесуваат од 2.000 до 3.000 евра, зависно од регулативата и штетата.
Од почетокот на годинава досега на подрачјето на Крива Паланка се случиле 21 пожар, а само во април 7. Лани заклучно со април се случиле 13 , а во 2014 година 16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје