Во Драчево фатен возач со 2,36 промили алкохол во крвта
Со дури 2,36 промили алкохол во крвта би откриен еден возач при вчерашните полициски контроли во скопската населба Драчево. МВР ја објави фотографијата од направениот алкотест од која се гледа во каква се алкохолизирана состојба возат некои учесници во сообраќај. На сајтот на МВР објавена е и фотографија со алкотест кој кај друг возач утврдил 2,10 примили алкохол.
-Овие случаи се откриени при контролите во Драчево. Тоа е значително над дозволената доза од 0,5 промили алкохол во крвта, изјави за „Скопско ехо“ Тони Ангеловски, портпарол на МВР,
Инаку, при вчершаните контроли на територијата на Драчево изречени се вкупно 166 мерки.
-Меѓу нив за возење без возачка дозвола 33, 14 санкции за нерегистрирани возила, 6 мерки за користење мобилен телефон, 20 санкции за некористење сигурносен појас и 8 мерки за возење под дејство на алкохол, соопшти полицијата.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
ВО ЖИВО: ЛДП ќе дебатира за изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд