Македонија
24. December 2023 - 17:01

Во домот на другарче пронајдено 6-годишното дете кое денес се изгуби кај Скендербег

Денеска (24.12.2023) околу 16 часот е пронајден шестгодишен малолетник, кој неколку часа пред тоа беше пријавен од неговата мајка дека се изгубил на плоштадот Скендер бег во Скопје, соопшти МВР.

Како што информираат од МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено кај негово другарче во стан во истата зграда каде и тоа живее.