Во Долнени ќе се отвори полигон за параглајдерство
Локалната акциона група (ЛАГ) Агро Лидер ќе го отвори полигонот за параглајдерство во Рибник, општина Долнени и ќе ги претстави своите активности на полето на промоцијата на Македонија како дестинација за параглајдерство. Воедно како дел од активностите што ги спроведува за промоција на Македонија како дестинација, ЛАГ Агро Лидер организира 5-дневна посета на Македонија од списанието за параглајдерство Термик, кое за својата посета ќе објави статија со која ќе се потенцираат убавините на Македонија и одличните природни услови за летање со кои располага земјата.
На настанот ќе се обрати претседателката на Локалната акциона група Агро Лидер, Даниела Цветаноска, градоначалникот на оштина Долнени, Боше Милошески, претставници на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кој го финансираше опремувањето на теренот, а ќе бидат присутни и странски новинари од најголемото списание за параглајдерство на германски јазик, Термик.
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Швајцарската влада, до сега има опремено 4 терени за параглајдерство со метео станици, јарболи за ветер, патокази и информативни табли. Во Крушево, Проектот донираше и вештачка трева за да го модернизира теренот за Европските шампионати во параглајдерство и змајарство кои се одржаа во јули и август оваа година,
ЛАГ Агро Лидер е една од 10-те локални акциони групи регистрирани во Пелагонискиот, Полошкиот, Североисточниот и Вардарскиот регион како дел од подготовките за воведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Република Македонија. ЛАГ Агро Лидер работи на територијата на општините Долнени, Крушево и Кривогаштани, а е составен од членови од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.
Ново на Сител
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа
-
Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол