Во Демир Хисар ликовна изложба на уметникот Ибрахим Беди
Општина Демир Хисар во рамки на програмата „Град на културата“ вечер организира ликовна изложба на ликовниот уметник Ибрахим Беди.
Изложбата ќе биде поставена во фоајаето на Дом на култура „Илинден“ и ќе биде отворена до 11 октомври.
Ликовниот уметник Беди Ибрахим од 1986 година е член на Друштвото на ликовни уметници, а од 2002 година работи на Факлутетот за ликовни уметности во Скопје на одделот завајарство како доцент по предметите вајарски техники и цртање.
-На вечерашната изложба во општина Демир Хисар ќе бидат презентирани 29 слики работени во комбинирана техника. Апстрактот е главен препознатлив елемент на сликите и доминираат неопределени форми како пловат во просторот. Авторот-уметник на сликите изработени на хартија користи светли бои и тонови, посочуваат организаторите на вечерашниот културен настан во тамошната локална самоуправа.
Ново на Сител
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп
-
Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони