Во Делчево за две недели 15 пожари од запалени стрништа
Изминатите две недели на петанесетина пожари од запалени стрништа интервенирала делчевската Територијална противпожарна единица.
Командирот на ТППЕ Делчево Јонче Атанасовски, рече дека земјоделците сакајќи да ја исчистат сувата трева од нивите или меѓите, палат оган кој им бега од контрола по што предизвикуваат штети на околните шуми, или ниви од соседите.
- Секој втор ден горат стрништа кои предизвикуваат пожари со ненадоместливи штети во Делчевско. Само пред неколку дена, на подрачјето меѓу селата Вирче и Град, запалено стрниште зафатила површина од 10 хектари при што изгореа два насади со сливи, нискостеблеста и борова шума, истакна Атанасовски.
Имајќи предвид дека сезоната за чистење на нивите со затоплувањето на времето ќе добие на интензитет, од Дирекцијата за заштита и спасување ги известуваат земјоделците да внимаваат при оваа пролетна активност на нивите.
- Се известуваат граѓаните при приготвување на земјоделските површини за пролетна сеидба, како и за чистење на стрништа, меѓи, овоштарници и други површини да внимаваат и тоа да го прават на начинкако не би предизвикале пожар или експлозии. Во спортивно согласно со Законот за заштита и спасување за прекршителите следува глоба во износ од илјада евра, истакна Влатко Ристов од ДЗС.
Ново на Сител
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон
-
Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил