Во дел од Италија протести поради анти-ковид мерките на Владата
Во Фиренца, протестот против новите ограничувања на владата за спречување на ширење на Ковид-19 прерасна во судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Според весникот „Република“, неколку стотици демонстранти фрлале кон полицијата со шишиња и камења, се превртувале контејнери, фрлале запаливи средства, а на крајот полицијата употреби солзавец за да ги растера учесниците во демонстрациите кои не беа одобрени од полицијата.
„Никогаш не сум го видел мојот град во таква состојба, улици покриени со стакло, скршени излози. Проблемот е што меѓу мирните демонстранти, кои имаат причина да протестираат, се вклучени мали групи за да предизвикаат конфликт и немири”, изјави градоначалникот на Фиренца Дарио Нардела, кој е на таа позиција втор мандат.
И во Болоња, група од 300 до 500 граѓани демонстрираа против новите владини мерки.
На почетокот на протестот, организаторот рече дека „сакаат мирни протести“, но подоцна почнаа да извикуваат против владата.
Весникот „Република“ пишува дека екстремно десничарските и неофашистичките групи се обидуваат да го искористат незадоволството на граѓаните за своите цели.
Во ист тон има напис во весникот „Либеро“, во кој се тврди дека меѓу демонстрантите кои сакаат мирно да протестираат, се членови на ксенофобични групи, разни теоретичари на заговор, мешавина од паракриминални групи и луѓе кои поттикнуваат социјален гнев.
Ново на Сител
-
Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник
-
На Шар Планина спасен чешки повреден планинар
-
Утре во Грција 345 протести на 243 различни локации
-
Приведен поранешниот директор на затворот во Шутка
-
14-годишни деца ги испраќале лажните дојави за бомби во училиштата, МВР со детали
-
Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо
-
Собраниската Комисија за здравство ќе одлучува дали да одржи надзорна расправа за аерозагадувањето