Бизнис
14. February 2020 - 12:13

Во декември лани издадени 286 одобренија за градба, нови 423 станови

Во декември лани се издадени 286 одобренија за градење, што е за 2,1 процент помалку во однос на истиот месец од 2018  година. Предвидена е изградба на 423 станови, со вкупна корисна површина од 32.307  метри квадратни, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.460.995.000 денари, што е за 59,4 проценту помалку во однос на декември 2018.Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на експресен пат во Североисточниот Регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (45,4  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 56 (19,6. проценти) за објекти од нискоградба и 100 (35 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 286 објекти, на 151 (52,8  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 135 (47.2  проценти) од објектите се деловни субјекти.