-->
-->
Во декември издадени 257 одобренија за градба
-->
Лани во декември во земјава се издадени 257 одобренија за градење со предвидена вредност на објектите од 1,73 милијарди денари, што е за 22,8 отсто помалку одобренија во однос на истиот месец од претходната година и за 76,7 отсто помала вредност. Со нив е предвидена изградба на 209 станови, со вкупна корисна површина од 25.413 метри квадратни.
Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (60,3 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 19 (7,4 отсто) за објекти од нискоградба, а 83 (32,3 отсто) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 257 објекти, на 184 или 71,6 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73, односно 28,4 отсто инвеститори се деловни субјекти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење