Македонија
10. May 2016 - 15:36

Во Дебарско нема случај на „чвореста кожа“

Во подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа нема појава на болеста „чвореста кожа“, потврдуваат од дебарската подрачна единица на Агенцијата за храна и ветеринарство, која со својата активност ги покрива и двете општини.

Она што посебно треба да се знае, велат тие, дека болеста не е зооноза, што значи не постои ризик по здравјето на луѓе односно болеста не се пренесува од заболено животно на човек, така што не постои ризик по здравјето на луѓето.

Тие на овој начин ги демантираат шпекуациите дека болеста може да се пренесе и кај човек, поради што, според сопствениците на крави последните денови е намалена побарувачката на свежото млеко.

Во двете општини, има над 2.700 грла крупен добиток, главно крави и од агнецијата препорачуваат нивните сопственици да бидат претпазливи околу појавата на симптоми и хигиената каде што истите се сместени.