Во Дебар уште една жртва од Ковид-19
Во Ковид центарот при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде се третираат и заболени од општина Центар Жупа, како последица од опасниот вирус синоќа починала повозрасна пациентка, жителка на Дебар, што е шеста жртва овој месец.
-Се зголемува бројот на заразени, а со самото тоа и на оние на кои им е неопходен болнички третман. Моментно во Ковид-центарот во нашата установа хоспитализирани се 15 лица, сите на кислородна поддршка. Повеќето од нив се повозрасни, но имаме четири млади пациенти. Она што е карактеристика за дури 90 отсто од нив е дека не се вакцинирани, изјави за МИА, Баки Алили, директор на болницата.
Додава дека поради влошена клиничка слика вчера попладне во здравствена установа во Скопје транспортирано е 26-годишно момче иселеник од САД, каде на лекување е и 28- годишно момче иселеник од Италија. Двајцата не биле вакцинирани.
Во Ковид – центарот амбулантски се лекуваат над дваесет пациенти, а голем е бројот на оние кои доаѓаат на преглед со симптоми карактеристични за вирусот.
Се верува дека бројот на носители на опасниот вирус е многу поголем, што го потврдува податокот дека во аптеките најбарани се брзите тестови.
-Да. Брзите тестови се многу барани. Неколку денови имавме недостиг, зашто секоја нова пратка веднаш се распродава. Веќе набавуваме нови количини затоа што она што пред еден ден ја добивме веќе е при крај, потврдуваат во аптеките.
Официјалната статистка потврдува дека од почетокот на пандемијата до вчера на подрачјето на двете општини опасниот вирус е дијагностициран кај 1.092 лица, активни на болеста се 122 а бројот на починати е над 50 лица.
Ново на Сител
-
Истражување на ЕПИ: Надворешната политика е важна за граѓаните, но тие не се доволно информирани
-
ДСЗИ и стручна комисија го испитуваат случајот со смртта на 14 – месечното дете на Детската клиника
-
Државната статистика пресмета 2,6% инфлација во септември – најголемо е поскапувањето на зеленчукот
-
Mицкоски: Ваучер од 250 евра за комјутер или телефон за сите студенти
-
МОН и СОНК пред договор за зголемување на платите и колективен договор
-
По Струмица, забранета е водата за пиење и во Гостивар
-
Светска банка: Штетите од климатските промени можат да ја чинат земјава 4% од БДП
-
Ниту една компанија не ги почитува правилата за заштита на животната средина