Во Дебар пристигна помош од Црвениот крст на РМ
Во Дебар пристигна хуманитарна помош што е донација од Црвенот крст на Република Македонија.
Помошта се состои во прехранбени артикли, средства за одржување хигиена, ќебиња, душеци, детска, машка и женска облека. Складирана во магацинските простории на дебарската организација на Црвен крст.
-Распределбата ќе почне утре. Помошта е наменета за стари и изнемоштени и инвалидизирани лица, како и семејства кои се во тешка социо – економска состојба. Во распределбата ќе бидат вклучени триесеттина наши волонтери, изјави Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.
Волонтерите на дебарската организација на Црвен крст се активни на терен веќе неколку дена.
Ден по прогласувањето на крзната состојба во општините Дебар и Центар Жупа им притекнаа на помош на лицата кои имаат потреба од храна, лекови и облека во селата Гари и Лазарополе, во подрачјето на Мала Река, потоа во селото Мелничани, како и на четворица возачи, кои со товарани возила останаа заглавени кај Бошков Мост.
Доставија и облека за 81 лице кои останаа заглавени во Дебар, а сега се сместени во хотелите на „Дебарски Бањи-Цапа“.
-Главно се лица од подрачјето на Река, кои работат во Дебар или на денот на прогласувањето на кризната сосотојба биле во Дебар на шопинг, по лекови или на преглед. Исто така, има и лица од други градови од нашата држава, нагласуваТелќиу.
Во Дебар заглавени се 110 лица кои не се дебарчани, од нив 21 се странски државјани од Шведска и од Косово.
Ново на Сител
-
Претседателот на Малдивите светски рекордер - држеше 14 часа 54 минути прес конференција
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот