Македонија
21. March 2016 - 13:56

Во Дебар одбележан Денот на пролетта и екологијата

Во трите деветолетки и гимназијата во општина Дебар со повеќе еколошки активности одбележан е Денот на пролетта и Денот на екологијата.

- Во согласност со програмските активности на Министерството за образование и наука реализиравме акции за чистење на дворните места, но и површините околу објектите и пошироко. Во активностите учествуваа сите ученици и наставници. Така беше во сите три основни училишта и во гимназијата во Дебар, изјави координатор на актиивностите Фљамур Муладаути.

Според него, денешниот ден од страна на училиштата е искористен да ги информираат учениците за значењето на Денот на пролетта и екологијата. Исто така наставниците пред учениците зборувале и за значењето на јавната хигиена, која има големо значење за општеството во целина.

Посебен акцент во објаснувањето е дадено на одржувањето на хигиената не само во училиштата, туку и во населбите и улиците низ градот.