Македонија
17. October 2021 - 11:11

Во Дебар до 9 часот 1,75 проценти излезност, во Центар Жупа 1,6 проценти

Непречено се одвива изборниот процес во општините Дебар и Центар Жупа, а надминати се и малите технички проблеми со апаратите за читање на отисок од прстот на неколку избирачки места во Дебар.

Според Маџиде Атипи, претседателка на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас го искористиле 342 гласачи или 1,75 отсто од вкупно запишаните 19.211 лица во единствениот избрачки список.

Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот гласале 120 граѓани или 1,6 отсто од вкупно запишаните 7.317 лица со право на глас.

Во Дебар граѓаните гласаат за еден од тројцата кандидати за градоначалник и пет советнички листи, додека во Центар Жупа во трката за градопначаник се двајца кандидати и шест советнички листи.