Во Дебар 18 новозаразени со Ковид-19
Во последното деноноќие во Дебар забележен е нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19. Според официјалните податоци, регистрирани се 18 новозаболени, што е трета двоцифрена бројка досега, по 10 јули кога имаше 17 и на 20 јуни кога исто така беа регистрирани 18 нови случаи.
Со денеска потврдените, вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 172. Битката со опасниот вирус ја добиле 57, ја изгубиле пет, додека активни на болеста се 110 лица, а од нив десетина се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје.
Бројот на заразените во втората е повеќе од двапати повисок споредено со бројката од првата фаза.
Во втората фаза од пандемијата, кога коронавирусот по точно педесет дена, на 5 јуни се врати на ова подрачје, бројот на заразените е поголем за 121 лице. Оздравени се десет, почина едно лице, а активни на болеста се 110.
Во првата фаза беа регистрирани 51 заболен, оздравеа 47, а починаа четворица.
Како што деновиве предупреди епидемилогот Ментор Меља, раководител на работната единица на Центарот за јавно здравје, бројот на новозаразени ќе расте, што е последица на непочитување на мерките и протоколите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток