Свет
7. April 2016 - 14:15

Во Данска уапсени четири осомничени членови на ИД

Данската полиција денеска во близина на Копенхаген уапси четири лица за кои постои сомневање дека биле регрутирани од страна наг рупацијата Исламска држава за да извршат напади. 

Во текот на апсењето полицијата запленила и муниција и оружје. 

Полицијата соопшти дека апсењата следеле во рамки на операцијата против лица, кои припаѓаат на терористички групи од Сирија и северен Ирак.

Деталите за апсењата и идентитетот на осомничените не се познати.