Свет
14. December 2015 - 8:21

Во Дамаск и околината 45 жртви во напади на владините сили и бунтовниците

Најмалку 45 луѓе загинаа во напади од воздух извршени од сириските владини сили и бунтовничките сили во и околу Дамаск, соопштија активисти цитирани од ДПА.

Според Сирискиот центар за човекови права, меѓу жртвите има десет деца и четири жени. Ранети се десетици лица.

Нападнати биле четири населени места меѓу кои и Дума и Сакаб што се под контрола на бунтовниците. Повеќето жртви загинале во воздушни удари и ракетни напади меѓу двете населени места.

– Проектилите земја-земја се испукани од режимот, но се уште не сме сигурни чии биле воените авиони, изјави Рами Абдел Рахман, шеф на Центарот.