Во ЦУК околу 500 пријави на штети од земјотреси
Околу 500 јавувања за пријава на штети на објектите во серијата земјотреси во скопскиот регион, што почнаа од завчера изутрината, се регистрирани досега во Центарот за управување со кризи.
Пријавите во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорци, паднати плафони, оштетени возила....
Од ЦУК информираат дека по последните два последователни земјотреса регистрирани синоќа во 19:53 часот, со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, освен привремени прекини на снабдувањето со електрична енергија во одредени делови на градот, не се пријавени позначителни штети.
Штетите на објектите во ЦУК може да се пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици 195. Ако граѓаните не можат да добијат слободна линија од Центарот апелираат да испратат податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, точна адреса и краток опис на штетата предизвикана од земјотресот) на mail@cuk.gov.mk.
Согласно препораките од Управувачкиот комитет за справување со кризи, екипи од Институтот за инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и претставници од скопските општини на терен вршат увид во станбените згради и во останатите објекти за домување каде што се пријавени штети.
Надлежните институции посочуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси што може да се преземе на следниот линк: http://www.dzs.gov.mk/
Скопје и околината во изминатите два дена беа погодени од серија земјотреси од кои насилниот беше регистриран во неделата во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.
Потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите досега побарале повеќе од 100 лица.
Ново на Сител
-
Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок
-
Косово и САД потпишаа договор за борба против манипулирањето на информации од други држави
-
Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница
-
Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти
-
Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"
-
Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк
-
Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим
-
Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа