Балкан
11. May 2017 - 18:36

Во Црна Гора запленети 1,5 тони сканк

Црногорската полиција денеска во Улцињ откри и заплени 1,5 тони сканк од Албанија.

Сканкот бил спакуван во 78 пластични кеси и се транспортирал во глисер, управуван од двајца албански државјани.

Полицијата по подолгата потера го сопрела глисерот на пристаништето кај Стариот Град во Улцињ.

Сканкот е вид на марихуана која се состои од 75 проценти канабис сатива и 25 отсто индика.