Во Црна Гора уапсен полски државјанин осомничен за милионска измама
Во Црна Гора е уапсен полски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница од Полска и Јужна Кореја и кој е осомничен за кривични дела од областа на економскиот криминал.
Станува збор за Роман Зимијан (51), кој е осомничен за кривични дела од областа на економскиот криминал, а тоа е за сериозен вид измама од поголеми размери, перење пари, кражба и кршење на законот, што во Јужна Кореја се казнува со доживотен затвор.
Како што јави Радиотелевизија на Црна Гора, Зимијан е осомничен дека во соработка со неговиот партнер С. М. оштетил поголем број лица во Полска и Јужна Кореја, за сума од околу 21 милион американски долари.
Зимијан е и еден од основачите и сопствениците на фондот „Future net“, кој се занимава со трговија со дигитални и криптовалути, а по апсењето е изведен пред истражен судија на Вишиот суд во Подгорица со цел да се определи екстрадициски притвор, соопшти полицијата.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори