Во Црна Гора стаса норвешки истражувачки брод во потрага по нафта
Норвешкиот брод „Полар Емпрес“, долг 117 метри, специјализиран за истражување нафта јаглероводород во морето, во текот на ноќта вплови во црногорското пристаниште Бар, каде ќе остане околу еден месец со цел на југот на Црна Гора да се спроведе испитување на околу 1,200 километри квадратни површина морско дно на местата за кои концесија доби италијанско-рускиот конзорциум „Ени-Новатек“.
Норвешкиот брод, кој предводи конвој други бродови, деновиве треба да започне со 3Д сеизмичко снимање на подморјето меѓу Бар и Улцињ, а Управата за поморска безбедност веќе емитува предупредувања за поморците и рибарите кои се во сила до крајот на 3Д снимањето.
Два брода од овој конвој ќе спроведуваат превентивна контрола на морето додека не почне работата на главниот брод, а потоа ќе биде дозволена пловидба и на останатите пловила со потребна оддалеченост од главниот брод.
Црна Гора распиша јавен повик за истражување на јаглеводорот кон крајот на јули 2013 година, а го зтавори на 15 мај 2014 година. Одлуката концесијата да се додели на италијанско-рускиот конзорциум „Ени и Новатек“ е донесена во декември 2015 година.
Претставниците на италијанско-рускиот конзорциум „Ени и Новатек“ и црногорските власти потпишаа договор за концесија, со кој е предвидено концесијата да трае 30 години и да се однесува на четири блока кои се наоѓаат на крајниот југ на црногорското подморје, во непосредна близина на границата со Албанија.
По завршувањето на снимањето, следи читање на резултатите, по што концесионерот ќе одлучи дали ќе извршува вадење нафта. Тоа се очекува кон крајот на идната или почетокот на 2020 година.
Ново на Сител
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање