Во Црна Гора од петок нови мерки против Ковид-19, се воведува и дигитална Ковид-потврда
Црна Гора ќе добие Национален сертификат за дигитален Ковид што би бил во употреба од петок, 30 јули, кога се очекува црногорската влада да објави коригирани мерки во борбата против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Подгорица.
Министерството потсетува дека е најавено дека само оние кои исполнуваат одредени услови ќе можат да посетуваат ноќни клубови, дискотеки и внатрешност на угостителските објекти.
Националната дигитална ковид потврда, направена по пример на ЕУ-дигиталниот сертификат, ќе содржи, меѓу другото, информации за тоа дали некое лице е целосно вакцинирано или ја примило првата доза на вакцина против коронавирусот. Сертификатот ги наведува датумот и времето на негативниот ПЦР-тест на Ковид-19, а се прифаќа негативен тест не постар од 72 часа.
Сертификатот содржи доказ дека лицето го прележало вирусот, односно доказ дека поминале помалку од 180 дена од позитивниот PCR тест, доказ за негативен брз тест на антиген и БАТ што не е постар од 48 часа. Дигиталниот сертификат е бесплатен и е достапен во чешатена или дигитална форма. Сертификатот може да се зачува и прикажува на мобилниот телефон.Нема суштинска разлика помеѓу дигиталните и печатени верзии на сертификатот, бидејќи кодот во двете верзии е гаранција за валидноста на податоците што се прикажуваат, објавија „Вијести“.
Ново на Сител
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга
-
Собраниска седница за Меѓународниот ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница