-->
-->
Во Чегране уапсен 16-годишник по пријава дека со остар предмет нападнал врсник
-->
Полициски службеници лишиле од слобода 16-годишен малолетник по пријава дека синоќа со остар предмет нападнал врсник, соопшти Министрството за внатрешни работи.
– На 28.11.2021 во 00:30 часот во с.Чегране, гостиварско од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода 16-годишен малолетник по претходна пријава дека на 27.11.2021 околу 22,45 часот на локален пат Гостивар с.Чегране во близина на поранешна железара, по претходна расправија, физички нападнал со остар предмет друг 16-годишен малолетник, посочуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот