Во ЦЕРН откриена нова честичка наречена пентакварк
За прв пат е откриен нов вид субатомска честичка, наречена пентакварк, јави денеска Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).
Во соопштението на ЦЕРН се наведува дека зад откритието стои тим научници, кој работи на еден од четирите експерименти во Големиот хадронски фузер (ЛХЦ). Нивните резултати се објавени во магазинот „Физикал Ривју Летерс“.
Постоењето на пенткварк прв пат се споменува во текот на 1960-тите години од страна на американските физичари Мери Гел-Ман и Георг Цвајг. Гел-ман, кој првично го дава името кварк, доби Нобелова награда во 1969 година.
Гај Вилкинсон, портпаролот на ЛХЦ тимот, изјави дека проучувањето на пентакварк може да помогне на научниците подобро да го разберат создавањето на материјата, протоните и неутроните.
- Ова изгледа како многу значајно откритие, изјави Антон Андроник, физичар Хелмолц центарот за истражување на тешки јони во Дармштат, во Германија.
Доколку биде потврдено, ова би можело да бие второ големо откритие на ЛХЦ уредот, кој беше пресуден за откривање на Хигсовиот бозон во 2013 година.
Ново на Сител
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска