Живот
6. September 2018 - 15:13

Во центарот на Манчестер: Минувачи гледаат како крадец тепа момче додека му го одзема велосипедот

Во центарот на Манчестер крадец се обидел да одземе велосипед од момче но сепак не успеал во намерата. Момчето цврсто го држело својот велосипед, а крадецот буквално го влечел по улицата ударајќи го по главата. 

Сето ова билo следено од неколку случајни минувачи во центарот на Манчестер, само еден се обидел да помогне на момчето. Го фатил напаѓачот за рака, но тоа било се. Крадецот продолжил да го удира момчето и да го влече велосипедот.

Во еден момент ги довлекол велосипедот и момчето до средина на улицата кога најверојатно сфатил дека не може да успее во својата намера па се откажал и избегал со своите пријатели.

Снимката е објавена на Фејсбук во групата UK Motorcycle Theft Protest Community.