Во Центар Жупа за гласање доставени 29 барања од болни и изнемоштени лица
До Општинската изборна комисија – Центар Жупа, за претстојните по вторпат повторени избори за градоначалник, на неколку часа пред истекот на рокот, доставени се 29 барања за остварување правото на глас на болни и изнемоштени лица.
-Барања со документација доставија 29 блиски роднини на лицата. Бидејќи рокот завршува вечерва на полноќ можно е да добиеме уште некое барање. Истите потоа ќе ги разгледаме и ќе донесеме одлука колку од нив ќе може да гласаат во петок, односно на 19 август, изјавија за МИА, од комисијата.
На повторените избори на 17 април беа доставени 61 барање, позитивно беше одговорено на 57, а правото на глас го искористија 52 лица, додека останатите пет тоа не го сторија од различни причини, во меѓувреме настаната смрт, болнички третман или неважечки документ за идентификација.
На редовните локални избори, пак, на 17 октомври минатата година, за гласање во својот дом беа пријавени 18, а гласаа 17 лица.
Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа, каде на 20-ти месецов (сабота) ќе се гласа на 16 избирачки места во единственот избирачки список запишани се 7.154 лица со право на глас.
Споредено со предвремените избори што се одржаа на 15 април во списокот се 77 гласачи повеќе додека пак споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година има 163 гласачи помалку.
Трката за градоначалник овој пат ќе ја трча еден кандидат, Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, кој довербата ја бара по третпат.
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми