Бизнис
18. January 2020 - 13:23

Во Буџетот речиси целосно се инкасирани планираните приходи лани

Наплатени се 97% од планираните приходи во буџетот за минатата година, информира министерката за финансии Нина Ангеловска.
 
Бројките покажуваат дека приходите по основ наДДВ се реализирани целосно, додека по основ на придонеси се натфрлени и во Буџетот се инкасирале 101,2% од тие приходи.
 
Според министерката, тоа покажува дека динамиката на наплата е добра, финансиите се стабилни, исто како и јавниот долг.
 
Финансиите се крвоток на општеството и затоа ја повика техничката заменик министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на добра соработка, бидејки јавните пари и интересот на граѓаните треба да е база на работењето.
 
Мирјана Јовеска