Во Британија заразата со Ковид-19 се зголеми четирипати за еден месец
Стапката на инфекција со коронавирус во Велика Британија се зголеми за четирипати во последниот месец, објавија британските научници врз основа на случајно тестирање на десетици илјади луѓе.
Пол Елиот, раководител на Одделот за епидемиологија на Империјал колеџ во Лондон, кој го спроведе истражувањето, изјави дека еден од 200 луѓе сега е заразен со коронавирус низ цела Британија, што е скок во споредба со почетокот на септември кога тој однос беше еден на 800.
Научниците велат дека меѓу заразените има веројатно двојно повеќе афроамериканци и луѓе со азиско потекло отколку белци и дека стапките на инфекции се зголемуваат кај сите возрасни групи во Англија, а најмногу кај младите на возраст од 18 до 24 години.
Наглиот пораст на бројот на новизаразени случаи започна во август, кога Владата покрена едномесечна промоција на угостителството, со големи попусти на цените во рестораните.
– Сепак, тие забележаа и навестувања за забавување на епидемијата, рече Елиот, кој смета дека е можно неодамнешните мерки да придонеле за тоа, вклучително и забраната за собирање повеќе од шестмина.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари