Во Британија со недели има висока смртност, а главната причина не е Ковид-19
Велика Британија веќе шест недели по ред бележи повисока стапка на смртност од просечната во овој период од годината. Тоа не се должи на коронавирусот, туку на други болести, пишува Дејли телеграф. Експертите велат дека една година поинаква работа во здравството поради пандемијата „пристигна на наплата“.
Во текот на неделата која заврши на 13 август оваа година, во Велс и Англија се регистрирани 10.372 смртни случаи, што е за 14 проценти повеќе од просекот за пет години, наведува Канцеларијата за национална статистика. Иако коронавирусот, исто така. има удел во повеќето смртни случаи, сепак најчеста причина се други болести.
Поради фактот што целиот здравствен систем е речиси две години фокусиран на лекување и грижа за пациентите заболени од коронавирусот, има зголемување на бројот на срцеви заболувања, дијабетес, цироза … Многу операции беа откажани минатата година, пациенти не беа соодветно третирани, па се „пристигна на наплата“, за жал со фатален исход.
Професорот Карл Хенеган, директор на Центарот за медицина базирана на докази при Универзитетот Оксфорд, изјави дека Британците треба да бидат загрижени. Тој, исто така, посочи дека треба да се започне истрага за причините за оваа висока стапка на смртност.
Зголемената стапка на смртност не била толку висока од 19 февруари, кога се регистрирани 2.182 смртни случаи повеќе од просекот, што е дури за 18,8 проценти повеќе. И во овој случај, не се сите смртни случаи поврзани со пандемијата на Ковид-19.
Кевин МекКонвеј, професор по применета статистика на Отворениот универзитет, нагласува дека е невозможно сите смртни случаи да се последица на коронавирусот.
– Не е можно да се каже што всушност ги предизвикува овие прекумерни смртни случаи. Во претходните недели, очевидно е дека постои изразен и брз ефект на многу високи температури кон средината на јули, но времето оттогаш не е особено жешко, рече тој.
Дискутирајќи за бројките на социјалните мрежи, Клер Грифитс, статистичар во ЈЗУ, рече: „Кога циркулира грипот, забележувате зголемена смртност од кардиоваскуларни заболувања, можеби истото се случува и со коронавирусот“.
Здравствените експерти се дополнително вклучени во истражувањето на разновидноста на дополнителни смртни случаи во приватни станови и куќи во Англија и Велс, кои се зголемија од почетокот на пандемијата. Досега, имаше околу 67.000, а од април 2020 година, секоја недела се урива петгодишниот просек (од 2015 до 2019 година).
За време на пандемијата од мај 2020 година до мај 2021 година, луѓето умирале дома од Паркинсонова болест, деменција и Алцхајмерова болест, и тука е забележан пораст од 60 проценти. Стапката на смртност од карцином се зголеми за повеќе од 40 проценти.
Ново на Сител
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса