Во Брисел се одржува технички дијалог меѓу Србија и Косово
Дијалогот меѓу Србија и Косово на техничко ниво продолжи денеска во Брисел.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, дневниот ред остана непроменет, а според најавите на европратениците, се разговара за прашања за имотните и заемните финансиски побарувања.
Директорот на српската владината Канцеларија за КИМ, Петар Петковиќ, кој учествува во техничкиот дијалог изјави дека белградската делегација повторно го иницирала прашањето за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО) и имплементација на Бриселскиот договор.
-Без оглед кое прашање ќе се иницира, без формирање на ЗСО, не можеме да напредуваме во дијалогот, ќе видиме како ќе се однесува приштинската страна, кажа Петковиќ, кој додаде дека од ЕУ зависи кога ќе се одржат следните состаноци и во кој формат и на кое ниво.
Дијалогот беше блокиран во септември, поради одбивањето на Приштина да разговара за претходно договорената тема – формирање на Заедница на српски општини, додека Белград од друга страна стави на знаење дека ќе инсистира на спроведување на овој договор на сите наредни состаноци.
Мирослав Лајчак тогаш изјави дека косовската делегација го изгубила мандатот да разговара за ЗСО, а во меѓувреме, по посетата на Белград и Приштина, кажа да ЗСО е меѓународна обврска на Приштина и дека ќе мора да биде дел од конечниот договор за нормализирање на односите.
Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел неодамна процени дека договорот може да се постигне за неколку месеци доколку двете страни преговараат во добра намера.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација