Во Брисел донаторска конференција „Заедно за Албанија“
Во Брисел денеска ќе биде одржана донаторска конференција за обнова на Албанија под мотото „Заедно за Албанија“, по катастрофалниот земјотрес, што ја погоди утрото на 26 ноември минатата година.
– Во 14:15 часот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и албанскиот премиер Еди Рама ќе потпишат програма за поддршка на Албанија во реконструкцијата и рехабилитацијата на штетите од земјотрес во Албанија во вредност од 15 милиони евра. Потоа во 14:30 часот претседателката Лајен ќе ја отвори конференцијата заедно со премиерот Рама и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
На конференцијата ќе бидат и еврокомесарот за соседска политика и преговори, Оливер Вархеји и комесарот за менаџирање со кризи, Јанез Ленарчич, пренесуваат албанските медиуми. На конференцијата ќе учествуваат Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, земјите членки на Европската унија, регионот на Западен Балкан и пошироко.
За време на посетата на Албанија во средната на минатиот месец еврокомесарот Вархеји најави дека на Албанија, ќе и биде дадена помош од 28 милиони евра.
– Ви соопштувам уште една добра вест, со оглед на добрата работа што ја направи Албанија. Од претпристапните фондови, ние сме во можност да ви дадеме 28 милиони евра. Ние предлогот го испративме до ЕП и верувам дека се ќе заврши многу наскоро, рече тој.
Министерот за надворешни работи на Холандија, Штеф Блок, изјави дека неговата земја ќе додели помош во висина од три милиони евра.
Премиерот Рама изјави дека очекува многу од Донаторската конференција. -Тоа не значи дека на донаторската конференција ќе се соберат сите потребни средства, туку на ниво кое ќе има тежина во овој процес.
Доколку се реализира ова ќе бидеме задоволни, рече Рама. Проценетата материјална штета од земјотресот изнесува 985.074.906 евра.
Ново на Сител
-
Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување
-
САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари
-
Од денеска почнува пријавувањето за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисела Вода
-
Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински беспилотни летала при ноќни напади
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Сончево и топло, до 25 степени
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија