Во Бразил, судија со помош на ВИ напишал пресуда, тоа било полно со грешки
Бразилски судија користел апликација заснована на вештачка интелигенција, за да напише пресуда за еден судски случај. Тоа потоа се покажало полно со правни грешки.
Националниот судски совет на Бразил, владино тело коешто ја надгледува работата на судството, побара од Џеферсон Родригез – федерален судија од западната сојузна држава Акри, тој да објасни како дошло до тоа неговата казна да е преполна со судски грешки? Судијата признал дека подготовката на судската одлука му ја доверил на негов колега, кој пак, го направил тоа со помош на ВИ-апликацијата „Чет-ГПТ“.
Луѓето од судската власт се правдале и дека така постапиле бидејќи биле преоптоварени со работа.
Националниот судски совет му даде рок од 15 дена да даде поцелосни објаснувања за случајот. Овој настан се смета за прв од ваков вид во Бразил.
Ново на Сител
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе
-
Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи