Во болница во Абу Даби почина Египќанката тешка 500 килограми
За пациентката се грижеа повеќе од 20 лекари откако по барање на нејзиното семејство во мај од Индија пристигна во Обединетите Арапски Емирати, соопшти болницата „Burjeel Hospital“.
Триесет и шестгодишната Иман Ахмед Абдулати тежеше околу 300 килограми откако од Мумбаи пристигна во Емирати за да се лекува од елефантијазис, болест којашто поради затнување на лимфните жлезди предизвикува големо отекување на екстремитетите и другите делови на телото. Благодарејќи на специјалниот режим на исхрана и наријатриска хирургија за три месеца загуби 323 килограми, откако претходно тежеше околу половина тон.
Индиските медиуми пишуваа дека семејството на Египќанката не било задоволно со третманот во Мумбаи и дека дошло до разлики во ставовите меѓу нив и персоналот.
Кон средината на март беше обајвено дека Абдулати по пет седмици од третманот во Индија ослабела за 140 килограми. Претходно беше објавено дека на 7-ми март Иман беше подложена на операција, со којашто обемот на нејзиниот желудник беше намален за 15 отсто од неговата претходна големина. Лекарите, исто така, отстраниле и голем дел од масното ткиво и ја намалуваат нејзината потреба од храна.
Иман беше ставена на специјален режим на исхрана: на секои два часа ја хранеа преку специјална туба со протеински коктел со ниски вредности на соли, мешани со млеко од соја. Дневно на Египќанката ѝ беа потребни 1.800 калории. Хранењето преку тубата било неопходно, поради тоа што по доживеаниот мозочен удар жената тешко голташе.
За трагичната судбина на 36-годишната Египќанка, жителка на градот Александрија, првпат извести во октомври минатата 2016 година телевизијата Al Arabiya. Според докторите таа патела од ткн „слоновска болест“ или елефантијазис и заменски жлезди. Жената во раните години доживеала мозочен удар и останала прикована за постелата.
Кон крајот на минатата година нејзиниот случај го привлекло вниманието на индискиот лекар Муфазал Лакдавала, кој е специјализиран за баријатриска и лапароскопска хирургија, и се понудил да ѝ помогне на Иман. Побарал од индиското министерство за надворешни работи да помогне во подготовката на документацијата за жената, бидејќи таа имајќи ја предвид состојбата не можела да се јави лично во конзулатот на Индија во Александрија. Но со интервенцијата на шефот на дипломатијата Египќанката добила уредна индиска виза.
Иман беше донесена во Индија со специјален карго лет на 11-ти февруари. Египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“ успешно ја транспортираше на лекување од Египет во Индија. Летот беше изведен од египетскиот пристанишен град Александрија до индиската метропола Мумбаи со товарен авион од типот „Airbus 300-600“ специјално модифициран и опремен, бидејќи обичен патнички авион не доаѓал предвид, поради тоа што морале да бидат обезбедени и специјални медицински услови. Лекарите и персоналот извеле единствена операција на транспортирање на патник на лекување.
Жената тешка половина тон од домот до аеродромот била превезена со товарно возило со високи страни за специјалната болничка постела. Во авионот била подигната со товарен лифт, а во кабината на леталото, креветот била зацврстен за подот. Кабината на авионот претходно била опремена со специјална медицинска опрема, бидејќи за пациентката во тешка состојба била неопходна интензивна терапија. Жената во текот на летот била придружувана од нејзината сестра и медицински тим, составен од лекари и техничари.
Хируршкото лекување на дебелината е зачестено во Индија. Официјално најдебелата жена на светот е Американката Паулина Потер, којашто во јули годинава тежела 293 килограми, запишано е во Гинисовата книга на рекордит
Ново на Сител
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот