Свет
27. January 2024 - 11:30

Во близина на Тајван забележани 33 кинески воени авиони и седум бродови

Тајван во последните 24 часа забележал 33 кинески воени авиони и седум бродови во непосредна близина, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.

Два кинески балона се забележани на небото над Тајванскиот теснец.

Неофицијалната демаркациска линија меѓу Кина и Тајван ја поминале 13 авиони.

Тајванските власти речиси секојдневно пријавуваат упади авиони и бродови на кинеската војска.

Кина го смета Тајван за своја територија.