Во Битола заврши Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог
Во Битола заврши тридневната Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог на која главен акцент беше ставен на „Миграциите и предизвиците на интеграцијата преку дијалог меѓу религиите и културите".
Учесниците на конференцијата претставени преку многу јазици, култури, религии и вери, својот традиционален собир во Македонија го завршија со донесување Декларација со која како што се посочува во документот се согласуваат дека преку дијалог меѓу религиите и културите и добро – управувана миграција може да се промовираат поблиски врски меѓу мигрантите и земјите од транзит и финална дестинација.
Во своето завршно обраќање на конференцијата, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска нагласи дека од еминентниот собир во Битола произлегува заклучокот дека секој требаконтинуирано и на дело да ја потврдува глобалноста на идиомот...делувај локално но, сите ние мораме и заеднички, постојано да делуваме во заложбите за мир и дијалог меѓу цивилизациите, во изнаоѓање на решенија за сите круцијални проблеми со кои денеска се соочува човештвото.
-Актуелната мигрантско - бегалска криза претставува феномен кој не е забележан во поновата светска историја. Таа ги надминува националните граници и бара глобален координиран ангажман при адресирањето на нејзините хуманитарни, безбедносни и пошироки геополитички аспекти. Мигрантската криза покажа колку границите можат да бидат порозни и колку сите ние можеме да бидеме ранливи. Во таа смисла со движењето на мигрантите долж Балканската рута, на површина произлезе потребата од координирано дејствување и заеднички решенија при лоцирањето на нејзините хуманитарни и безбедносни реперкусии. Превентивното делување, во услови на зголемен ризик, се наметна како клучно решение на овој проблем. Во таа смисла, сите ние и на оваа конференција се согласивме дека неопходно е потребна добро осмислена и усогласена стратегија на глобално ниво, која би овозможила заедничко делување и би ги интегрирала разните сценарија за одговор на сите сегменти на мигрантската криза, а пред се на безбедносниот сегмент, рече Канческа Милевска.
На последниот ден од конференцијата во Битола, Канческа Милевска уште еднаш потсети на придонесот на Република Македонија во справувањето со кризата и спречувањето на нелегалната миграција.
-Наша цел, ќе биде и интеграцијата на имигрантите, остварувањето на нивното право на вработување, инвестирањето во нивното образование, запознавањето со јазикот, културата, историјата на државата во која се доселуваат, недискриминирачкиот пристап на институциите кон нив, заедничката интеракција на имигрантите и домашното население. Токму во овој сегмент, улогата на културно-религиската димензија е најдоминантна и претставува предизвик на кој сите ние, со заеднички ангажман ќе успееме да одговориме, нагласи Канческа Милевска.
На учесниците на конференцијата им се обрати и заменик министерот за надворешни работи во МНР, Илија Исајловски кој истакна дека Светска конференција даде придонес во промовирањето на дијалогот меѓу религиите и културите како важен фактор за мир и просперитет во еден специфичен глобален контекст и предизвик како што се миграциите.
-Имајќи ги предвид предизвиците со кои многу земји се соочија во изминатиот период, а во светло на предизвиците што престојат, темата на овогодишната Конференција е многу релевантна и благовремена. Дводневните дискусии несомнено нè упатуваат на заклучокот дека оваа иницијатива дава свој специфичен придонес за унапредување на мирот, развојот и човековото достоинство. Придонес кој ја афирмира културната и религиската разноликост како предност, а не недостаток на граничниот премин. Придонес кон признавање на креативниот потенцијал како инструмент за меѓусебно разбирање и почитување, а не како пречка за затворање на вратата за транзит или влез, рече Исајловски.
Петтата Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог ќе се одржи во 2019 година.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето