-->
-->
Во Битола се одржа јавна дебата за учеството на граѓаните во урбанистичкото планирање
-->
Гаус институтот - Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење во соработка со Македонско научно друштво (МНД)-Битола и граѓански организации од општините Новаци и Могила, денес во Битола одржаа јавна дебата на тема „Учеството на граѓаните во урбанистичкото планирање“.
Според Александра Лозановска, координатор на проектот, целта на дебатата е да се иницира стандардизиран дијалог при урбанистичкото планирање во општините, а за што ќе бидат користени и искуства од експерти од Шведска.
-Дебатата е составен дел на проектот „Урбан дијалог“ и овозможи да се презентираат иновативни пристапи за комуникација меѓу граѓаните и јавните институции. Дебатата беше исклучително квалитетна, а во неа се вклучија членови на Советот на општина Битола, директорката на новоформираното локално јавно претпријатие за Урбанистичко планирање, преставници на граѓанскиот сектор, Комората на овластени архитекти и Здружението на новинарите, регионален центар во Битола, истакна Лозановска.
За искуствата во Шведска на јавната дебата во Битола говореше професорот Мајкл Јохансон од Универзитетот Кристијандштад кој нагласи дека партиципативната демократија во урбанистичкото планирање во таа држава од поодамна е традиција.
-Во нашата лабараторија за истражување работиме на урбанистичкото планирање многу интензивно и темелно и посебно на оплеменување на секаков нефункционален простор. Учеството на граѓаните најчесто се практикува со постојана комуникација преку социјалните медиуми и мрежи, граѓаните се вклучени во процесот, нивните идеи и коментари ги прифаќаме и анализираме и секако реалните предлози и ги профаќаме, односно имплментираме. Уметноста и културата се најдобар начин за поголема вклученост на граѓаните во урбанистичкото планирање, посочи Јохансон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник