Во Битола се одбележува празникот „Собор на сите македонски светители“
Преспанско-пелагониската епархија денеска во храмот „Собор на сите македонски светители“ го слави истоимениот празник кој според календарот на Македонската православна црква Охридска архиепископија-МПЦ ОА, секогаш се одбележува во првата недела од месец октомври.
Празнувањето на сите светители во храмот „Собор на сите македонски светители“, ден избран за заедничко сеќавање на сите македонски светители кои придонесле за афирмација на христијанството на овие простори, почна со утринска богослужба што ја одржаа свештенослужители на преспанско-пелагониската епархија, а на верниците им беше поделен и примерок од црковното списание „Вистина“.
Храмот „Собор на сите македонски светители“ почна да се гради во 1993 година, градбата е во тек а според архитектонскиот план треба да биде најголем во Македонија и на Балканот, со камбанарија од 80 метри која исто така е во изградба, средна купола од 55 метри и други објекти за разни црковни содржини.
Во рамките на комплекстот храм „Собор на сите македонски светители“ во Нова Битола, изградени се или се во завршна фаза од изградбата, три црквичиња и тоа „Св. Злата Мегленска“, „Св. Апостол Лука“ и „Св. Константин и Елена“.
Ново на Сител
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите