Македонија
31. October 2021 - 11:04

Во Битола до 9 часот гласале 7,19 а во Демир Хисар 10,88 отсто од вкупниот број гласачи

Во Битола до 9 часот гласале 7,19 проценти, а во Демир Хисар 10,88 отсто од вкупниот број гласачи во вториот круг од локалните избори.

Во пелагониските општини Битола и Демир Хисар утрово беа отворени изборните места на кои во вториот круг од локалните избори се гласа за избор на градоначалник.

На територијата на Општина Битола отворени се 170 избирачки места, а право на глас имаат 80.882 лица евидентирани во Единствениот избирачки список.

На територијата на Општина Демир Хисар се гласа на 36 избирачки места, а право на глас имаат 6.959 лица евидентирани во Единствениот избирачки список.

Од Општинските изборни комисии на двете пелагониски општини потврдија дека во текот на вчерашниот ден непречено се реализира гласањето на пријавените немоќни или болни лица, гласачи кои се во домашна изолација инфицирани од Ковид-19, лица сместени во Дом за стари лица, како и лица што се во домашен притвор.