-->
-->
Во БиХ 476 нови случаи на коронавирус, починати 11 лица
-->
Во Босна и Херцеговина (БиХ) се забележана 476 новозаразени лица и 11 смртни случаи, што е најмногу од почетокот на епидемијата од коронавирус.
Во Федерацијата БиХ се регистрирани 335 позитивни на коронавирус и осум починати пациенти.
„Тестирани се 1.839 примероци, а новозаразените се од сите кантони, освен Посавскиот“, соопштија денеска од Заводот за јавно здравје.
Во Федерацијата БиХ се тестирани вкупно 175.570 примероци, а коронавирусот е потврден кај 20.588 лица.
Во Федерацијата БиХ излекуван е 16.591 пациент, а во изминатите 24 часа се оправиле 224 пациенти.
Моментално се активни 3.388 случаи на позитивни на коронавирус.
Претходно е соопштено дека во Република Српска се забележани 141 лице заразено од корона и три смртни случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта