Во Берово одбележан Денот на независноста
Со пригодна свеченост денеска пред спомен костурницата на паднатите борци во Берово се одбележува 8 Септември, Денот на независноста. По тој повод, делегации од општествениот и политичкиот живот положија цвеќе пред спомен обележјето, а беше прочитан и реферат за значењето на овој датум за македонската историја.
– Денеска се одбележуваат 28 години од успешно спроведениот референдум, на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Денешниот празник ја отсликува пожртвуваноста на генерациите кои живееја со мислата за слободна и независна држава и не потсетува на предизвиците кој сме ги надминале, со надеж, со силна мудрост и верба да продолжиме понатаму, низ новото време и успешно да се справиме со новите предизвици, беше истакнато во говорот пред присутните.
Покрај Денот на независноста, претходно во Пехчево се одбележаа и 75 години од Ослободувањето на градот и 23 години од создавањето на Општина Пехчево како посебна административна целина. Во рамки на свеченостите беше положено свежо цвеќе пред споменикот на борецот од НОБ од Пехчево, Ванчо Китанов. Пред споменикот се поклонија делегација од Општина Пехчево, претставници на институции, на политички партии, здруженија на граѓани.
На свечената седница на Советот по повод значајните датуми беа доделени благодарници и признанија на граѓани и институции кои дале посебен придонес за развојот на Општина Пехчево.
Ново на Сител
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата