Свет
7. February 2017 - 15:58

Во Берлин утре ќе се одржи штрајк на два аеродроми

Синдикатот на копнениот персонал на аеродромот во Берлин ги повика неговите членови утре да се соберат на штрајк на два аеродрома во Берлин, предупредувајќи дека авионските патници треба да очекуваат значително нарушување на возниот ред, а можеби и откажување на летовите. 

Синдикатот „Вер.ди“ соопшти дека штрајкот ќе биде одржан меѓу 05.00 и 11.00 часот, по локално време, на аеродромите „Тегел“ и „Шенефелд“. 

Организаторите денеска предупредија дека се можни штрајкови и на другите аеродроми во Германија, што би можеле да бидат најавени пред прекинот на работата. 

Синдикатот бара поголеми плати и подобри услови за работа за околу 2.000 негови членови, кои се вработени на аеродромите.