Свет
15. October 2015 - 20:38

Во Берлин уапсен „руски имам“

Германската полиција денеска соопшти дека во Берлин уапсил 30-годишен „руски имам“, кој е осомничен за тероризам.

Како што јавија германските медиуми, осомничениот имам Гаџимурад К., по потекло од руската кавкаска Република Дагестан, се товари дека се обидувал преку интернет да регрутира борци за групата Ислмска држава и да набвува опрема за потребите на џихадистите во Сирија.  

Уапсениот, кој бил познат под името Мурат К., бил имам во една џамија во центарот на Берлин.