Во Белград осумнаесетти граѓански протест „Еден од пет милиони“
Вечерва во Белград се одржа 18-от граѓански протест „Еден од пет милиони“, што како што и беше најавено започна пред Владата на Србија, но најавеното протестно шетање до зградата на ТВ „Пинк“ не се одржа.
Пред повеќе илјади приврзаници на опозицијата, пред зградата на Владата се обрати актерот и член на Демократската странка Бранислав Лечиќ, кој барајќи отпочнување на лустрација во Србија, посочи дека таа би требало да започне од сопственикот на ТВ „Пинк“ Жељко Митровиќ, најавувајќи дека шетањето до ТВ „Пинк“ нема да се одржи.
– Тоа беше стапица. Никогаш повеќе немада паднеме на такви замки, рече Лечиќ, додавајќи дека планот на власта да го прогласи Бошко Обрадовиќ за лидер на целата опозиција и дека, откако веќе го етикерираа како „фашиста“ и „љотичевац“, така ќе ја дисквалификуваат целата опозиција, а потоа овој „грд јазик“ да го претворат во јазик на „окупираните медиуми“ со цел да се оправда употребата на насилство против учесниците на протестите за да се зачува системот.
– Јас гласно му се смеам на Жељко Митровиќ – ха, ха, ха, ти наседна! Никогаш не сакавме да ги малтретираме луѓето да одат два часа до „Пинк“, рече Лечиќ и потсети дека за демонстрантите пред ТВ „Пинк“ на Бањица веќе е организиран „пречек“ со звучници, транспаренти, „платеници кои треба да предизвикаат неред“ и полицајци облечени во цивилна облека.
Тој, исто така, оцени дека инцидентите пред Градското собрание завчера и вечерашниот „пречек“ пред „Пинк“ е со да се спречи големиот митинг на 13-ти април.
Пред ТВ „Пинк“, пред 18 часот, беа лидерите на Сојузот за Србија и положија венец со фотографијата на еден од убиените водачи на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, со пораката „Ќе дознаеме кој ти направи мета со спотот на Пинк, ветуваме“.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест