Балкан
5. April 2022 - 12:37

Во Белград неизвесна идната власт - СНС освои 38,1 гласови, Обединети за Белград 21,3 %

Градската изборна комисија ги објави резултатите од изборите за градското собрание на Белград соред кои ниедна коалиција го нема потребното мнозинство за власт во српската престолнина Опозицијата бара јавно пребројување на гласовите и организираше протест пред РИК, незадоволни од работата на тоа тело и обвинувајќи ја власта, без докази, за „изборна кражба “, јави допсиникот на МИА од Белград.

Според резултатите на Градската изборна комисија, најдобар резултат на локалните избори во Белград постигнала владејачката Српска напредна партија (СНС) со освоени 48 пратенички места.
Опозициската коалиција Обединети за победа на Белград освои 26 пратенички места, а опозициската коалиција Мораме 13 пратенички места.

Социјалистичката партија на Србија освои осум места, опозициската коалиција НАДА седум, а Српската партија Заветници и коалицијата Двери / ПОКС по 4 места.

Собранието на Белград има 110 советници, за власт се потребни најмалку половина – 56 советници.

Ниту една од партиите и коалицијата не може сама да формира влада, но СНС со социјалистите би го имала потребното мнозинство, што му овозможува на Дачиќ коалицирање и на државно ниво во Републичкото спбрание и идната власт.

Иако пред изборите порачуваа дека ќе имаат контролори на секое избирачко место во Белград и дека нема шанси да се фалсификува волјата на граѓаните, опозициската коалиција Мораме организираше протест пред РИК во центарот на Белград.

Радомир Лазовиќ, еден од лидерите на Да не го давиме Белград и Коалицијата Мораме, ја повика целата опозиција „да се договори за промена на власта во Белград“.

Во изборната ноќ, шефот на градскиот изборен штаб на коалицијата Обединети за победа на Србија, Бранимир Кузмановиќ, изјави дека „опозицијата има мнозинство во Белград“.

-Кога велам опозиција, мислам на нашата коалиција, коалицијата Мораме и коалицијата НАДА, рече Кузмановиќ.

Милош Јовановиќ, претседател на Демократската партија на Србија, која е столбот на коалицијата НАДА, рече дека досега ниту претставници на владата ниту опозицијата не го поканиле да разговара за постизборната коалиција во Белград и дека ќе ги чека конечните резултати од избори за градско собрание. Јовановиќ посочи и дека во Белград е можна недвосмислена соработка со опозицијата, но не и на републичко ниво.

Претседателката на Српската партија Заветници, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, изјави дека не планираат коалиција со СНС во српското Собрание или во Белград.

-Можам се да замислам, но не и да коалицираме со „Обединета Србија““, посочи Ѓурѓевиќ Стаменковски.