Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад
Опозициските парламентарни партии во Србија за денеска закажаа протест пред зградата на српската влада поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 14 лица.
Барањата што ги покренаа демонстрантите се оставки на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, декласификација на договорите поврзани со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, апсење на одговорните за трагедијата и вонредната контрола на сите инфраструктурни проекти што се започнати или на кои се работи во изминатите 10 години.
На 1 ноември 14 луѓе загинаа, а тројца беа тешко повредени кога се урна бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Оставка досега поднесе само министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, но тој рече дека не ја презема вината за трагедијата.
Во вторникот, за време на протестот во Нови Сад, мирниот марш се претвори во општ хаос во центарот на градот.
Групи маскирани млади ја оштетија зградата на локалниот штаб на владејачката Српска напредна партија, врз која граѓаните претходно фрлаа црвена боја.
Искршени се вратата и прозорците на градското собрание.
Ново на Сител
-
Пронајдено телото на 77-годишниот велешанец во близина на Штип
-
Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители