Свет
27. November 2019 - 18:32

Во Бангладеш изречена смртна казна поради напад на кафуле во 2016 година

Судот во Бангладеш денеска осуди седум членови на исламистичката екстремистичка група за нивната улога во нападот во 2016 година во кафулето во кое загинаа 22 лица, повеќето од нив странски државјани.

Според очевидци, по изрекувањето на казната во судот во Дака, обвинетите извикувале „Алах Акбар“ и „Ние не сторивме ништо лошо“.

Како што пренесуваат странските агенции, двајца од нив носеле капи со ознаки на Исламска држава, кои се користат за време на молитва. Властите отворија истрага за тоа како ги набавиле капите додека биле во притвор.

– Обвиненијата против нив се докажани без сомнение. Судот им изрече највисока казна, изјави јавниот обвинител Голам Сарвар Кан, откако ја донесе пресудата во судот во Дака.

Едно лице беше ослободено.

Адвокатот на обвинетите најави дека ќе поднесе жалба на обвиненијата.

Група од пет вооружени мажи упаднаа во кафулето „Холеј Артисан“ во Дака и ги држеа гостите како заложници. Притоа беа убиени деветмина Италијанци, еден Американец и еден Индиец.

Напаѓачите исто така беа убиени за време на операцијата на војската за спасување.