Во Бангкок изложени фосили на диносауруси стари најмалку 130 милиони години
Во главниот град на Тајланд, Бангкок, денеска е отворена голема изложба на фосили на диносауруси, чии прилично сочувани скелети се откриени во 1976, 1982 и 1989 година.
Репликите на „страшните влекачи’’ предизвикаа огромен интерес меѓу Тајланѓаните и десетици илјади странски туристи. Атрактивноста на настанот ја поткренаа и локалните палаентолози, кои издадоа соопштение според кое Сијамското кралство во далечното минато на азискиот континент било централно место за живот и развој на праисториските форми на живот.
Ископувањата на неколку локации во северозападниот дел на Тајланд, кои сеуште се во тек, покажуваат дека ова подрачје навистина било погодно тло за развој на животот во праисторискиот период. Од пронајдените над 2.000 скелети на диносауруси до сега се направени 20 реплики, а за изложување пред јавноста се подготвуваат бројни пронајдени фосилни остатоци на риби, желки и крокодили што живееле пред 100 и повеќе милиони години.
Ново на Сител
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица